Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Никица Петрушевски е нов началник на Секторот за внатрешни работи Куманово. На функцијата стапил од вчера, а назначен е од министер за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски.
Петрушевски во МВР работи 25 години, а последните 10 години кариерата ја градел на повеќе раководни позиции во СВР Куманово, како началник на одделот за општ криминалитет, началник на економски криминал, командир на полициска станица за гранични провверки и граничен надзор.
Петрушевски има 45 години, роден во Куманово, работи во МВР од 1999 година како инспектор за крим техника.
Новиот началник најавува дека неговата работа ќе биде насочена кон намалување на кривичните дела во секторот кој го предводи, како и на зголема ефикасност во справување со недозволена трговија со дрога и оружје.
Петрушевски доаѓа на местото на досегашниот началник Бранко Ракиќ.