Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матурантите од кумановските средни училишта и денеска протестираа пред подрачното одделение на Министерството за образование и наука, со единственото-познатото барање да се укине полагањето на математика како задолжителен предмет во државната матура.
Незадоволни од игнорантскиот однос на надлежните, кои трет ден не ги примаат на разговор, уште еднаш ги објаснија причините за протестот и си заминаа дома.
“Почнувајќи од оваа учебна година за учениците од гимназиско образование, а од наредната и за стручните училишта се прави нов концепт на полагање на испитите, според кој се воведува предметот математика како задолжителен. Според најновите насоки со кои не запознаа нашите професори, сите предмети ќе се полагаат по два пати, бидејќи дел ќе се полага електронски, а дел во пишувана форма. Се обраќаме до вас, за да го искажеме револтот заради најновите реформи од кои сме засегнати, а за кои сметаме дека не се доволно осмислени и не се проценети ефектите кои ќе ги предизвикаат и ќе влијаат на нашиот понатамошен успех“ - изјави Стефан Соколовски, ученик во Гимназија “Гоце Делчев“.
Матурантите утре ќе одлучат што понатаму со протестите.