×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ниските температури ги замрзнаа градските чешми

    15.01.2024 10:44 | Оливера Пешевска

    На скулптури од мраз наликуваат градските чешми по екстремно ниските температури изминатиот викенд. Водата кој постојано тече во нив е замрзната по утринските темпертури од - 9 степени целзиусови и нешто повисоки од - 5 утринава.

    Ниските температури ги замрзнаа градските чешми

    По планот на ЈП Водовод Куманово тие обично се затвораат по 15 ноември, за да не дојде до оштетување на инсталацијата во зимскиот период и повторно се пуштаат во употреба во март.

    „Добивме пријава од граѓани дека одредена група деца знаат каде е вентилот и ја пуштаат водата откако наши екипи ќе си заминат. Веќе неколку пати реагиравме, а денеска е упатен тим и чешмите кај „Изгорена школа“ и гимназијата ќе бидат исклучени, поточно физички ќе се отсрани вентилот за да не можат повторно да го одвртат“,  истакнува Бобан Петрушевиќ, раководител на одделение за одржување на водоводна мрежа.  

     

    Реално, од нив има мала потреба на студено време, но потполно го оправдуваат своето функционирање на лето, особено за време на топлотни бранови. Во градот непрекинато во текот на целата година работат 10-тина фонтани - чешмички за вода. Најмногу интервенции се бележат на онаа кај Соколанскиот парк.

    „ Најголем проблем имаме со чешмата кај Соколанскиот парк, тука често се оштетува делот од кој тече водата. Се работи за механички, најчесто намерни оштетувања од страна на несовесни граѓани. Претпоставуваме дека се работи за деца или младинци затоа што често наоѓаме парчиња од страни тела во механизмите кои го затвораат дотокот на водата или оштетуваат некој друг дел“,  истакна во една прилика директорот Оливер Стојмановски.

    Од претпријатието апелираат за совесно однесување кон јавното добро и намерно да не се предизвикува материјална штета на инсталациите.