×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ниту денеска нема да продолжи седницата на Советот, презакажана за 12 јули

    08.07.2022 11:44 | Жаклина Цветковска

    Единаесеттата седница на Советот на Општина Куманово, која требаше да продолжи денеска, е презакажана за 12 јули.

    Ниту денеска нема да продолжи седницата на Советот, презакажана за 12 јули

    Советниците вчера  „заглавија“ при дополувањето на Дневниот ред со нови точки, а по дадената пауза немаше кворум да се продолжи со работа.

    Проблемот нстана  откако  Предлог - одлуката за изменување и дополнување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје не доби поддршка од мнозинството советници да биде ставена како дополнителна точка  на Дневниот ред.

    СДСМ обвини дека советниците од „Наше Куманово“ намерно ја блокираат работата на Советот  како алиби за незаконско ограничување на површините за градење, со што, освен на инвеститорите, ќе им се нанесе огромна штета  и  на граѓаните. Тие сметаат дека оваа предлог-одлука  директно  се коси со законските одредби од законот за урбанистичко планирање.

    Продолжението на 11-тата седница на Советот  ќе се одржи на 12.07.2022 година (вторник) ,во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот.