Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Групата Нокаут и кумановскиот рапер Тајзи ќе пеат за Нова година на Градскиот плоштад во Куманово.
Од Општина велат дека поради финансиската блокада оваа година прославата ќе биде поскромна, но се надеваат дека изведувачите ќе го привлечат вниманието на публиката.
Концертот на Нокаут ќе трае два часа, откако предходно ќе настапи Тајзи.Се надеваме дека направивме добар избор и ќе има интерес кај публиката. Планираме да поканиме и дувачки оркестар кој ќе настапи на полноќ, по што ќе следи спектакуларен огномет - вели Жика Крстевски, раководител на сектор за култура и спорт во Општина Куманово.
За новогодишната прослава предвидени се околу 6.000 евра.
Изминатите години за Нова година на Градскиот плоштад гостуваа познати балкански звезди како Северина, Хари Мата Хари, Даниела Мартиновиќ, Црвена Јабука, Бајага, Калиопи, Владо Јаневски, Зуица Лазова, Наум Петревски, Дани Димитровска, Влатко Илиевски, и други.