×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нормализирано водоснабдувањето во градот

    07.07.2014 10:55 | KumanovoNews

     По две недели вода за пиење добија жителите на Соколана, Карпош, Пуковско, Ајдучка чешма, Черкеско село...

    Нормализирано водоснабдувањето во градот

    Нормализирано е водоснабдувањето во високите зони во градот и приградските населби. По две недели вода за пиење добија жителите на Соколана, Карпош, Пуковско, Ајдучка чешма, Черкеско село... Граѓаните се задоволни што проблемот конечно е решен.

     Вчера добивме вода и се стабилизира водоснабдувањето во селото. Има добар притисок и доволни количини на вода. Се плашиме ова да не трае само неколку дена па пак да ја снема. Апелираме до надлежниоте претпријатија проблемот да го решат трајно во интерес на граѓаните, -вели Фадиљ шабани, претседател на месната заедница Черкезе.

    И директорот на ЈП „Водовод„ Горан Стојковски, потврдува дека вода има во сите делови на градот.

    Без вода се само оние жители каде што има дефекти на водоводната мрежа, но наши екипи работат на нивно отстранување. Продолжуваат преговоритета на нашите тимови со Водостопанство за утврдување на цената на сировата вода и за технички детали за мерните станици. Верувам дека ќе најдеме заедничко решение кое во среда ќе го изнесеме пред министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, -вели Стојковски.  

    Дел од Куманово остана две недели без вода поради несогласување на двете претпријатија Водостопансво и „Водовод„ околу цената на водата и нејзиното плаќање.  Во решевање на проблемот се вклучи и Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, и водата во саботата е пуштена.