Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од синоќа водоснабдувањето во Куманово е нормализирано, потврдуваат од јавното претпријатије “Водовод“.
Освен дефекти, велат дека денеска нема никакви проблеми со водоснабдувањето во градот.
“Нормализирано е водоснабдувањето и нема никакви проблеми ниту во високите зони, ниту во останатите делови на градот. Пуштен е “бај - пас“ водот од Водостопанство, со што имаме доволно количини на вода да ја дистрибуираме до потрошувачите. Дај боже ова да не се повтори понатаму“ - вели Горан Стојковски, директор на “Водовод“.
Изминатиот викенд граѓаните од високите зони и населбите Карпош, Ајдучка чешма, Перо Чичо, Тоде Мендол, Пчински пат имаа слаб притисок. Од Водостопанство “Кумановско-Липковско поле“ вчера рекоа дека не гарантираат дека водоснабдувањето ќе биде нормално, ако “Водовод“ не ги подмирува обврските кон нив.