Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од вчера целосно е нормализирано водоснабдувањето на Куманово, тврдат од ЈП „Водовод„.
Директорот Виктор Божиновски вели дека завчера околу 23 часот од Липковските акумулации до Филтер станицата почнале да пристигаат потребните 220 литри во секунда.
Со дополнителните 100 литри во секунда кои ги обезбедуваме од бунарите во селата Бедиње и Провеце, целосно е нормализирано водоснабдувањето во градот и приградските населби.- вели Божиновски.
Тој додава дека преговорите со раковоството на Водостопанство ќе продолжат по празниците. Двете претпријатије добија решение од Државниот инспекторат за животна средина во рок од 7 дена да потпишат довор за соработка и да го нормализираат снабдување со вода на градот.