Нова директорка во ОУ „11 Октомври„
Мерилин Стојчевска е новата директорка во основното училиште „11 Октомври„ во Куманово.

Таа е избрана на конкурс, што го распишало училиштето откако досегашниот директор Круне Младеновски заминал во пензија. Директорката стапи на новата функција од 1 септември.
Приоритет во работењето ќе ми биде подобрување на воспитно-образовната дејност, пред се подобрување на квалитетот на наставниот план и програмите со воведување на повисоки стандарди и критериуми во оценувањето. Исто така ќе настојувам да се подобри квалитетот на наставата и да се унапреди работата со учениците со посебни образовни потреби и со талентирани ученици - вели новата директорка.
Стојчевска е одделенски наставик, кој досега работеше во истото училиште.