Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЕКГ апарат и два апарати за неинванзивно мерење крвен притисок донираше Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) годинава на Општата болница - Куманово.
Бригадниот генерал Аристеидис Илиопулос, командант на Бригадата за Југоисточна Европа, истакна дека со оваа донација симболично сакаат да им се заблагодарат на здравствените работници за нивната посветеност во справувањето со пандемијата и ковид-19.
„Им посакуваме да останат здрави, безбедни и заштитени за да можат да продолжат да им пружаат помош на своите граѓани и на заедницата“, истакна бригадниот генерал Илиопулос.
Директорката на Општата болница Куманово, Снежана Захариева, се зaблагодари на донацијата и посочи дека СИБРИГ секоја година пред Новогодишните и Божиќни празници донира за оваа установа.
„Минатата година тоа беа заштитни средства, годинава ЕКГ апарат и два апарати за неинвазивно мерење на крвниот притисок. Ова се апарати коишто ние секоја година ги купуваме , но знаете дека поради зголемениот обем на работа имаме и зголемена потреба од набавка на истите, така што донацијата е добредојдена“, рече Захариева.