×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • НОВА РЕАЛНОСТ

    23.05.2020 14:10 | KumanovoNews

     Моментот кој ни ја разби монотонијата во секојдневното брзање и трчање во извршување на секојдневните обврски, никогаш никој нема да го заборави.

    НОВА РЕАЛНОСТ

    Сѐ уште бевме под импресија - после толку многу години успеавме да си го осигураме местото во НАТО, и добивме датум за почеток на преговори за влез во ЕУ. И во момент кога конечно ги остваривме тридецениските евро – атлански цели, кога платите конечно станаа достоинствени, односно, минималната од  9.000,оо денари во 2017 година сè искачи на 14.500,оо денари, просечната плата е над 450 евра, платите на лекарите – специјалисти со дежурствата надминуваат над илјада евра, светот одеднаш застана.  Секојдневно се броеја стотици и стотици жртви и во најразвиените држави. Иако навидум ни изгледаше дека Кина е далеку и бевме оптимистично расположени дека непријателот ќе не одмине, за жал не се случи тоа. Одеднаш го снема препознатливиот метеж во кафулињата,  училиштата се затворија. Се редеа новозаразените, а како бомба одекна информацијата дека првиот смртен случај е во Куманово. Историски сме навикнати, како град, клучните турбуленции да започнуваат од нас, но сепак не очекувавме дека ќе бидеме први и овој пат.

    Корона вирусот беше сериозен предизвик за сите нас, и како поединци и како држава. Предизвик со кој, со помали или поголеми тешкотии, успеавме да се носиме прилично добро и покажавме дека можеме да го победиме! И притоа не зборувам за властите, туку за сите нас како граѓани. Нашата совесност, одговорност, култура и почитување на мерките, им помогнаа на властите успешно да се справат со новонастанатата ситуација. Од тие причини, сите ние заслужуваме да ја носиме титулата „победници” во битката со подмолниот непријател.

    Но, короната не е единствениот проблем со кој се соочува нашата држава во последниот период. Со самото проширување на Covid-19, изборите се одложија, Собранието остана распуштено и покрај  убедувањата дека Претседателот на Собранието треба да го свика, а со став дека Собранието не може да се свика застана и Уставниот суд.

    Монтескје не залудно ја дал основната поделба на власта - законодавна, извршна и судска. Но, нам ни недостига најважниот сегмент од овој триаголник - законодавната власт. Без Собрание – немаме ништо. Затоа неопходни се избори, кои би овозможиле избегнување и пополнување на правниот вакуум со кој моментално се соочуваме. Формирањето на институциите е неопходно за државата и, пред сѐ, за сите ние да се вратиме во новата реалност.

    Многу поминавме за краток период. Почнавме да ги цениме работите за кои мислевме дека не се вредни во нашиот живот. Во период кога бројот на новозарезени опаѓа, а оздравените  секојдневно се побројни, време е да се вратиме во нова реалност, која, без дилеми, ќе се разликува од минатото.  Време е за нова реалност,  реалност во која ќе бидеме политички стабилни, економски поразвиени, и да се надеваме, меѓусебно поповрзани и солидарни, какви што бевме и во времето на пандемијата!

                                                                                              Драгана Коцевска,СДСМ