×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова училишна зграда во „Толи Зордумис„

    07.09.2011 13:55 | KumanovoNews

     Во основното училиште „Толи Зордумис„ денеска напладне беше предаден во употреба, нов објект, кој е вклопен до постоечкиот, а е наменет за учениците од пето до осмо одделение, кои од оваа година настава ќе посетуваат на албански јазик.

    Нова училишна зграда во „Толи Зордумис„

    Во новите училници, ќе учат 160 ученици во осум паралелки, а изградбата на објектот чини 200 илјади евра. Новиот објект е со површина од 500 метри квадратни и ги исполнува сите стандарди за современо одвивање на наставата. Во употреба го предаде градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Со овој објект се премостуваат сите недоразбирања во граѓанското комуницирање на локалната самоуправа. Овој датум е важен, но не од аспект што се пушта 500 квадратни метри простор, туку затоа што една деценија во Македонија имаме процес на сегрегација во образованието, кое се делеше на македонски и албански паралелки и на македонски и албански училишта. По 10 години ова е прв пример каде правиме интегрирано образование, што е уставна категорија во Република Македонија.Ние најдовме начин во ист просторен објект во мешани смени, учениците да ја следат настава на македонски и на албански јазик. Токму тоа е и сугестијата на европската заедница и нејзините претставници, да не се прави поделба по ниту една основа кај граѓаните. Се надевам дека нашиот пример ќе го следат и останатите општини, а Куманово само покажува дека е лидер во етничките односи и интегрирање на сите етникуми во граѓанското и цивилизирано општество- рече Дамјановски.

    Тој нагласи дека новиот објект е изграден со пари од општинскиот буџет, иако сретствата за капитани инвестиции требало да ги обезбеди владата.

    Досега во ОУ "Толи Зордумис" наставата се изведуваше на албански јазик само до петто одделение.

    "Годинава се пререгистриравме и за образование на виши одделнија на албански наставен јазик и успешно ја започнавме учебната година"- вели Нинослав Трајковски, директор на ОУ "Толи Зордумис"

     Изградбата е завршена за 10 месеци.

    Свеченото пуштање на објектот се реализира во чест на 8-ми септември, Денот на независноста на Р. Македонија.Од Општината посочуваат дека ова е само еден од проектите, што оваа година ќе ги реализира локалната самоуправа.