×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новата цена на сирова вода превисока за „Водовод„

    10.07.2014 08:55 | KumanovoNews

    „Водовод„ ќе плаќа двојно повеќе на Водостопанство за испорака на сировата вода.

    Новата цена на сирова вода превисока за „Водовод„

    Директорот на „Водовод„ Горан Стојковски смета дека новата цена од 4.8 денари за кубик сирова вода што ќе ја плаќаат на Водостопанство е превисока за нив, со оглед на тоа што цената во другите градови, во просек, е околу 3.3 денари.

    Тој очекувал Куманово да добие просечна цена, а не да плаќа највисока непреработена вода во државата.

    Ние ќе ја почитувме одлуката, но таа само дополнително ќе ја отежни состојбата во која се наоѓа нашето претпријатие. Засега не размислуваме за зголемување на цената на водата кон граѓаните, иако фактурите кон Водостопанство ќе бидат двојно повисоки и ќе имаме проблеми да го плаќаме заостанатиот долг. Упатувам огромна благодарност до министерот за земјоделство, кој помогна во краток рок да се дојде до решение на проблемот и да пушти водата за да не трпат граѓаните, а за се друго ќе се снаоѓаме како знаеме,-вели Стојковски.

    Новата цена од 4.8 денари со ДДВ денари за метар кубен сирова вода што ќе плаќа ЈП „Водовод„ во наредната година на Водостопанство Кумановско-липковско поле, беше договорена на вчерашниот состанок меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и директорите на двете претпријатија, градоначалникот и пратениците од Куманово.

    „Водовод„ досега ја плаќаше водата по 2.31 денар за метар кубен, а Водостопанство бараше зголемување на цената на 6.8 денари.

    Од Водостопанство велат дека нема да ја коментираат новата цена на водата додека не се потпише договорот помеѓу двете претпријатија и не се дефинираат сите технички поединости.

     Во изминате години двете претпријатије никако не неможеа да се договорат токму околу цената на водата, поради што немаа ни потпишано договор за испорака на вода. Затоа често се караа а граѓаните остануваа без вода за пиење.