Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регулаторната комисија денеска ги објави четирите тарифни блока според кои ќе се пресметува колку ќе плаќаат домаќинствата за потрошена струја.
Како и што се најавуваше, струјата за оние од пониските блокови ќе чини поевтино, додека за оние што трошат повеќе таа ќе биде поскапа.
Цената во тарифните блокови ќе се определува според потрошената скапа струја (дневна), а ноќната тарифа останува со изта цена за сите.
- Прв тарифен блок: од 0 до 210 kWh;
- Втор тарифен блок: од 210 kWh до 630 kWh;
- Трет тарифен блок: од 630 kWh до 1 050 kWh-
- Четврт тарифен блок: над 1 050 kWh.
Размерот на тарифните блокови е соопштен денеска, додека за цената ќе се знае повеќе во среда.
Се очекува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во среда да одржи подготвителна и главна седница на која ќе бидат соопштени цените на блок тарифите.