Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19, a направени се 3143 тестирања.
Во Скопје 546 нови позитивни, во Куманово-38, Штип-27, Прилеп-83, Тетово-30, Струга-24, Велес-25, Битола-41, Охрид-32, Кавадарци-18, Гостивар-48, Гевгелија-14, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-4, Пробиштип-5, Демир Хисар-6, Македонски Брод -3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-28, Ресен-14, Неготино-11.
Во болнички услови починаа 15 лица по компликации од ковид-19.
Починати се шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72), пациент од Скопје (73), од Дебар (60), пациент од Велес (71), пациент од Битола (64), од Кавадарци (66), од Демир Хисар (84), од Свети Николе (56), од Кичево (55) и пациент од Ресен (84).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од: -Скопје 402, -Куманово 63, -Штип 43, -Прилеп 57, -Тетово 72, -Велес 86 и др.
Досега во земјата се направени вкупно 316.662 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711.