Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за јавно здравје во Куманово во изминатите 24 часа регистрирани се нови седум заболени од коронавирус.
На ниво на државата регистрирани се 112 нови случаи и направени се 1372 тестирања. По градови во: Скопје 46, Струмица 11, Куманово и Битола 7, Струга 6 и др.
Во болнички услови починати се 8 пациенти од Teтово (73), Струмица (58), Делчево (55), двајца од Струга (80 и 74) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти. Од Куманово 8.
Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.