Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца советници од коалицијата за подобра Македонија, Јордан Пачков од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Стојковиќ од ДПСМ наскоро ќе го напуштат Советот на Општината Куманово.
Советникот Пачков ќе си замине од функцијата поради добивање на пратеничко место во републичкото Собрание, а Стојковиќ ќе ја задржи функцијата директор во ЈП „Македонија пат„.
Имаме најава, која мислам дека деновиве е доставена до Советот. Најверојатно на наредната седница на 30 јуни ќе бидат констатирани оставките, една поради нова должност, а другата поради судир на интереси, така да ќе имаме промена во персоналниот состав на Советот-изјави Виктор Цветковски, претседател на Советот.
Испразнетите места ќе ги пополнат Небојша Томовиќ од ДПСМ и Наташа Тошевска од ВМРО-ДПМНЕ.