Нови три случаи на ковид-19 во Куманово
Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се нови три случаи позитивни на коронавирус.
На ниво на државата откриени се 83 нови случаи на ковид -19, а во последните 24 часа направени се 539 тестирања. По градови во: Скопје 34, Кочани 9, Штип 6, Струмица и Валандово по 5 Куманово 3 и др.
Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (66г, 88 и 62) и еден од Тетово (73).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти. Од: Скопје 52, Куманово 14, Штип 7, Прилеп 5 и др.
Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18873, бројката на оздравени пациенти е 15487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.

