×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новинарите ја бојкотираа седницата на Совет

    23.09.2015 12:41 | KumanovoNews

    Кумановските медиуми денеска ја бојкотираа седницата на Советот на општина Куманово, бидејќи се против воведување акредитација на новинарите кои ја следат работата на  Советот.

    Новинарите ја бојкотираа седницата на Совет

    Тие сметаат дека со воведување на новите правила со кои се одредува кој каде ќе седи и како ќе снима, претседателот на Советот нема да ги реши проблемите со условите за работа, туку непотрено се обидува на новинарите да им го ограничи присуството на седниците.

    Новите правила предвидуваат акредитираните новинари да седат како во „излог“ пред советниците, при тоа не смеат да стануваат и да снимаат од каде што сакаат. Се препорачува да не ги ставаат диктафоните пред советниците затоа што ги деконцентрирале. Наспроти тоа условите за работа остануваат исти, новинарите повторно белешките ќе ги пишуваат во тефтерите на колена, како и досега. Зошто тогаш ни треба акредитација, -прашуваат новинарите.

    Бојкотот на новинарите не е насочен кон институцаијата Совет на општината Куманово туку против самоволни решенија и избрзани одлуки.

    Овој бојкот истовремено е предупредување на сите претставници на локалната и централната власт, кои со својот непрофесионален однос кон медиумите ја ускратуваат јавноста за информации кои се од интерес на граѓаните. Особено тоа се случува кога се работи за теми кои не се во нивен интерес.