×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новинарите мора да имаат подобри услови за работа, порача Димитриевски

    03.05.2022 23:17 | Сузана Николиќ

    Новинарите мора да имаат подобри услови за работа кадешто ќе можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска, порача градоначалникот Максим Димитриевски, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите - 3 мај.

    Новинарите мора да имаат подобри услови за работа, порача Димитриевски

    „Доколку сакаме да одиме напред како општество, како сите напредни земји тогаш неопходно е да се трудиме постојано да ја унапредуваме слободата на изразување. Новинарите мора да имаат подобри услови за работа, секогаш да можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска. Убавината на демократијата значи вреднување на различни размислувања и подобрување на општествените процеси преку конструктивна критика. Денешниот Светски ден на слободата на медиумите е потсетник никогаш да не скршнеме од тој пат. Да им овозможиме достоинствени услови за работа на сите новинари и медиумски работници“, изјави Димитриевски.