×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новиот мобилен оператор со префикс 074 - без обрзувачки договори и по најниски цени

    12.09.2019 08:06 | KumanovoNews

    Новиот мобилен оператор во државата на Телекабел и Мултимедијанет од Куманово, со префикс 074, нуди најквалитетни услуги во мобилната и фиксна телефонија, без обврзувачки договор, со платен телефонски приклучок, бесплатен телефонски модем и разговори со висок квалитет.

    Новиот мобилен оператор со префикс 074 - без обрзувачки договори и по најниски цени

    „Телефонијата можат да ја користат сите, независно дали се приватни и правни лица кои сакаат ниски телефонски сметки. Ние сме првата компанија која постави нов стандард во телекомуникацијата во Македонија која понуди неограничени бесплатни разговори на своите корисници. Не ги обврзуваме граѓаните со договор и можете телефонската услуга да ја користите во временски период во кој им одговара“, -  изјави Тони Тошевски, директор на Мултимедија нет.

    Новиот оператор во понудата има пакети од 300, 500 и 1500 денари/месечно.

    Пакетот од 300 денари нуди 200 минути кон сите мрежи и 1 гига интернет, од петстотини денари 10 гигабајти интернет и неограничени разговори, додека пакетот од 1500 денари е со неограничени разговори и неограничен интернет во мобилната мрежа. Цената на смс пораките е 3 денари.

    Салонот на Телекабел и Мултимедиа нет во Куманово се наоѓа на ул. Народна револуција, под слаткарницата Реклама, повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 074 20 05 55.

    Телефонијата на Телекабел е сервис кој Ви нуди услуга базирана на VoIP (Voice over Internet Protocol). VoIP (Voice over Internet Protocol) претставува технологија за пренос на глас преку интернет, наместо преку традиционалната телефонска мрежа. Телекомуникациската мрежа базирана на IP протоколот е мрежа на иднината, која станува стандард секаде во светот. Co фиксната телефонија на Телекабел можете да разговарате со сите фиксни и мобилни оператори во светот.