×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ново поскапување на нафтените деривати

    07.02.2022 12:50 | Сузана Николиќ

    Ново поскапување на нафтените деривати. Од полноќ за 1,5 денари поскапуваат бензините, за 2 денари по литар дизел горивото и нафтата за домаќинствата. 

    Ново поскапување на нафтените деривати

    Бензинот од 95 октани ќе се продава за 81 денар по литар, што значи дека ја премина цената од 80 денари, додека бензинот од 98 октани ќе се продава за 83 денари по литар. Еуродизелот ќе чини 73,5 денари, додека нафтата за домаќинствата 73 денари по литар.

    Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,815 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг.

    Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика, од 8 февруари, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,00 (денари/литар)
    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,00 (денари/литар)
    Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
    Мазут М-1 НС 46,537 (денари/килограм).