Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лидерот на НСДП Тито Петковски и пратеникот на СДСМ Горан Минчев, синоќа во Куманово одржаа трибина на тема „И трудот е капитал„. При тоа се освранаа на моменталната политичка состојба во државата и тешката економска состојба на граѓаните, поради која е создаден опозицискиот фронт.
Вечерашнава средба е наменета за промоција на еден проект што се вика „И трудот и капитал„,суштината на проектот е како да се врати достоинството на трудот.Значи и на физичкоит и на умствениот работник, воопшто на сите кои живеат од плата. Во услови кога имате крајно разнебитен социјален систем, кога имате толку невработени, а тие што се вработени никогаш не живееле во потешка ситуација. Сакаме да предложиме една идеја оригинална на Владата да се извршат измени на Законот за работни односи во кои што ќе се даде шанса при стапувањето во работа партнерите да можат да се договараат. Накусо речено тој што има пари и тој што има знаење да работат на некој проект, заеднички да го делат профитот, но и заеднички да го делат и ризикот во ситуација. Значи да се сфати дека и трудот, како и парите се важни за процесот на производство на било кој план- вели Петковски.
Трибината ја организираше општинската организација на НСДП, а присуствуваа поголем број граѓани од останатитите опозициски партии.