НСДП со свеченост по повод 11 Октомври
10.10.2010 15:59
| KumanovoNews
Новата социјалдемократска партија на Македонија денеска организира свеченост во салата на поранешен „Комитет„.

11 Октомври - Ден на народното востание е голем празник , светол ден за македонската историја , ден кога македонскиот народ го крена својот глас против фашистичкиот окупатор и застана на браникот на слободата. Куманово град првоборец, ги даде најголемите синови и ќерки на кои денес со гордост и почит се сеќаваме. По тој повод Нова социјалдемократска партија го организира овој собир да го прославиме овој голем македонски празник со пригодна програма - рече Мирослав Трлин , член на централниот одбор на НСДП-Куманово.