×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нуркачи ја пребаруваат Кумановка

    31.03.2010 15:37 | KumanovoNews

    Пет дена по исчезнувањето на четири ипол годишниот Дани Мемеди, денеска напладне во потрагата се вклучија и нуркачите од МВР. Во неколку часовното пребарување на реката Кумановка специјалните екипи со чамец и метални шипки го пребаруваа дното на реката, но не најдоа никакви траги  кои би упатувале дека детето е во водата.

    Нуркачи ја пребаруваат Кумановка

    Акцијата започна од местото каде што семејството претпоставува дека момчето паднало во водата, играјќи се со инвалидската количка, а ќе продолжи на повеќе локации по течението на реката.

    Додека нуркачите го пребаруваа теренот, таткото на исчезнатото момче се онесвести, поради што беше пренесен во кумановската болница. Жителите на Средорек очекуваат дека нуркачите да го најдат детето.

    -Не најдовме никаква трага до сега, дали е во водата никој не знае. Детето со количката може да биде само во некој џбун, а ако не го најдат, се сомневаме дека можеби детето е украдено- велат жителите.

    Доколку е неопходно, во потрагата по детето ќе се вклучи И Дирекцијата за заштита и спасување, рече денеска директорот Шабан Салиу, кој заедно со полициските екипи ја следеше акцијата.

    Потрагата најверојатно Ќе биде прекината вечерва, а ќе продолжи во текот на утрешниот ден.