×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обезбеден училишен превоз за средношколците во Куманово

    02.02.2022 21:49 | Сузана Николиќ

    Средношколците од населбите Зелен рид, Доброшане, Бедиње, Карпош, Железничка станица, Романовце, Тромеѓа, Табановце, Карабичане и Сопот, од утре ќе имаат организиран превоз до нивните училишта.  
     

    Обезбеден училишен превоз за средношколците во Куманово

    Директорите на училиштата „Наце Буѓони“, „Перо Наков“, гимназиите „Гоце Делчев“ и „Сами Фрашери“, како и дел од основните училишта, потпишаа договор по итна постапка со автопревозниците „Оли травел“ и „Штуз“, со цел да ја исполнат законската обврска за обезбедување на организиран превоз на учениците и да ја покријат празнината, откако општинскиот линиски превоз заглави во жалбената постапка.  

    Компанијата „Оли-травел“ вечерва ги извести учениците дека од четврток почнува да се реализира Договорот за превоз на ученици на следните линии:
    - бр.3 Зелен Рид -Железничка станица
    - бр.4 с.Добрашане-Бедиње
    - бр.5 нас.Карпош-Железничка станица
    - бр.8 с.Тромеѓа-Бедиње
    - бр.12 с.Романовце-Куманово
    - бр.16 Куманово-Табановце -Карабичане-Сопот.

    Време на поаѓање на автобусите за прва смена е во 6.20 часот, а враќањето во 13.20 часот, додека за втора смена поаѓањето е во 12.30 часот, а враќањето во 19.20 часот.

    Превозот се однесува само за ученици, но не и за останатите граѓани, кои ќе почекаат да заврши постапката, за да тргнат автобусите кон најголемите населби во општината. Дотогаш ќе мора сами да се снаоѓаат за да стигнат до работните места или во градот.