Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Доволни количини на гас за потребите на домаќинствата и стопанските субјекти во Куманово за во наредните 3 месеци обезбедило ЈП „Куманово-гас“. Тоа значи дека нема опасност потрошувачите да останат без затоплување.
Од претппријатието соопштуваат дека потпишале договор со снабдувачот „Макпетрол ПРОМ-ГАС Скопје“ за месеците февруари, март и април, со што се набавени количина за непречено снабдување со гас на портошувачите.
„Воедно е надминат проблемот со барањето на снабдувачот за зголемување на депозит и постигнат е договор за понизок депозит, со што се ослободени средства, кои можат да се наменат за изградба и доградба на инфраструктурата за гасификација на Куманово, а согласно планот и програмата за 2022 година“, вели Марко Митровски в.д. директорот на ЈП „Куманово-Гас“.
Тие поднеле барање до Владата на РСМ, за субвенционирање на потрошувачите на гас, поради зголемената цена и проблемите со кои се сочува претпреијатието при работењето.