Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово го објави повикот за пријавување на кандидати за традиционалната Ноемвриска награда за 2024 година, највиско општествено признание кое се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и други заедници за посебни достигнувања во одделни области.
„Делата или постигнувањата за кои се аплицира треба да бидат достапни до 11 октомври во тековната година, да се тематски врзани за градот, а предложените кандидати- поединци или правни лица да живеат и делуваат во општина Куманово“, стои во известувањето на општинските служби.
Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани или поедници.
Предлозите треба да се достават во писмена форма со образложение до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија најдоцна до 31 октомври.