Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна уписот на ученици во Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“ во Куманово. На располагање се 120 места за ученици од сите четири години, средно образование.
“Нашите ученици кои се тука сега од 1,2,3,4 година, уште денеска ќе им дадеме молби и пријави да потполнат, за да бидеме сигурни дека ќе дојдат и наредна учебна година. Учениците кои конкурираат во прв уписен рок, комплетна документација да достават од 26 јуни до 6 јули 2015 година. Учениците кои конкурираат во вториот уписен рок, комплетна документација да достават најдоцна до 25 август, односно до 30 август во домот каде има места. Учениците кои претходна година престојувале во домот, комплетна документација треба да достават најдоцна до 1 јули во нашиот дом. Ние имаме формирана комисија за упис, составена од три члена, сите воспитувачи“ - изјави Есад Шаботиќ, директор на “Професор Мијалковиќ“.
Сместувањето во домот е на товар на државата. Шаботиќ објаснува дека ако останат празни места, по завршување на уписот, освен ученици можат да бидат примени и студенти.
За да биде примен ученикот треба да исполнува одредени услови и тоа да е редовен ученик, запишан во средно училиште, да е државјанин на Македонија, да е оддалечено училиштето најмалку 25 км од место на живеење и да има организиран јавен превоз или училиштето да е најмалку 10 км оддалечено од местото на живеење и да има организиран јавен превоз.