×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавени огласи за мерките – самовработување, практиканство и вработување и раст на правни субјекти

    05.04.2022 17:30 | Сузана Николиќ

    Агенцијата за вработување ги објави првите три мерки од Оперативниот план за активни програми и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Невработените лица и работодавачите од денес ќе можат да аплицираат за мерките – самовработување, практиканство и вработување и раст на правни субјекти.

    Објавени огласи за мерките – самовработување, практиканство и вработување и раст на правни субјекти

    „Ги повикувам сите заинтересирани невработени лица, како и работодавачите да дојдат да аплицираат во посебно формираниот Сектор за активни мерки во Центарот за вработување. Новина која што оваа година ја примени АВРМ е тоа што го надгради системот, со можност за невработените лица и работодавачите да аплицираат електронски преку системот е-работа достапен на веб- страната на Агенцијата за вработување www.av.gov.mk и понатаму да го следат процесот за учество во активните мерки“, изјави Марија Димитријевска, директорката на Центарот за вработување во Куманово.

    Минатата година во Куманово мерките ги искористиле околу осумстотини граѓани, а најголем интерес имало за мерката самовработување, субвенции за вработување и практиканство. 

    За мерката самовработување поради големиот интерес обезбедени се финансиски средства за отворање на сопствен бизнис за 2000 лица. Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 307.500 денари или до 615.000 денари доколку двајца сопружници основаат компанија.

    Преку мерката практиканство, 1620 млади лица до 34 години ќе имаат можност да се вклучат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења на одредено работно место. Лицата ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход за период до три месеци.

    Мерката Вработување и раст на правни субјекти, пак, овозможува работодавачите од микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места. Мерката ќе опфати 262 невработени лица евидентирани во АВРСМ од следните целни групи: млади лица до 29 години, корисници на гарантиранa минимална помош, невработени лица кои ги изгубиле своите работни места по појава на панадемијата ковид.

    За реализација на Оперативниот план за вработување за оваа година предвидени се 1,8 милијарди денари, а се очекува да бидат опфатени околу 15.000 невработени лица.
      
    Во Центарот за вработување во Куманово заклучно со 28 февруари 2022 година регистрирани се 13.753 активни баратели на работа, а минатата година на истиот ден имало 16.585 невработени.