Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изутринава само во повисоките места е сончево, а по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност.
Ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Куманово ќе биде променливо облачно. Од пладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.