Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во тешка сообраќајна несреќа попладнево три лица загинале, а повеќе се повредени, кога автомобил бмв со кумановски регистаски таблички излетал од надвозникот во Бедиње на автопатот Куманово- Табановце.
Според портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска несреќата се случила пред 17 часот, кога од засега непознати причини автомобилот кој се движел од населбата Бедиње кон центарот на градот изгубил контола и ја пробил заштитната ограда. Откако паднал на автопатот на него налетала цистерна, која во обид да го избегне бемвето се превртела неколку пати и преминала на другата коловозна лента. Во несреќата на лице место загинале две лица, а едно починало во болница. Едно лице со тешки повреди е пренесено на клиника во Скопје. Возачот на цистерната М.Т.(45) од Куманово поминал со полесни повреди.
Очевидци кажуваат дека на лице место има две безживотни тела, а со возила на брза помош повеќе лица биле пренесени во болница. Увидот е во тек.
Сообраќајот на автопатот кон Скопје и Табановце во двете насоки е во прекин. Од СВР најавија повеќе информации по завршување на увидот.