Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 20 часот во Општинската изборна комисија во Куманово поднесени се три кандидатури за градоначалник и шест советнички листи. Во последните шест часа не е поднесена ниту една кандидатура.
Своите кандидатури не ги доставиле од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.
Како што веќе објавивме, кандидатура за градоначалник доставиле од ДУИ, а советнички листи пристигнале од СДПМ, ДУИ, ДОМ и СДУ.
Ариф Латифи од ДУИ синоќа доставил кандидатура до Општинската изборна комисија Куманово. Кандидатури за градоначалник предходните денови поднесоа и независниот кандидат Виктор Цветковски и Фатри Салиу од НДП.
Во Општинската изборна комисија информираат дека до нив се доставени и 6 советнички листи.
Советнички листи поднесоа уште и СДПМ, ДУИ, ДОМ и СДУ. Носител на листа на СДПМ е Бранко Арсовски, носител на листа на ДУИ е Ризван Асани, носител на листа на ДОМ е Олгица Вељковиќ, и носител на листа на СДУ е Александар Денковски. Рокот за поднесување е до 24 часот вечер, потоа ќе оддржиме седница, ги потврдуваме и прегледуваме листите дали се изготвени согласно Изборниот законик.Во случај да има неправилности и недостатоци ќе ги известиме овластените претставници на подносителите на листи во определен рок од 24 часа да ги докомплетираат и да одлучуваме за истите - изјави Душан Серафимовиќ, секретар на ОИК, во 14 часот.
Пред неколку дена, листа на независни советници предводена од Драги Караџински поднесоа група граѓани за опцијата „Кога, а не сега„, ако и НДП со Зенун Исмаили.