Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управата за јавни приходи денеска организираше советување за електронско поднесување на даноци, откако беше воведена новината за електронските услуги.
Оваа услуга е наменета за сите правни лица вршители на дејност кои имаат обвраска за поднесување на даночни пријави до УЈП. Преку системот можат да пополнат и испратат даночна пријава, да го следат статусот на пријавите и повратно да ги добијат сите потребни информации и извештаи за поднесените пријави.
Од користењето на е-даноците се намалува административниот трошок за даночните обврзници, се добива на времето, се намалуваат грешките при пријавување на данок и се добива побрза и поефикасна обработка на податоците и наплата на даноците. За да се користи оваа услуга потребно е даночниот обврзник да добие кориснички код од УЈП.