Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на целата година невработените и работодавците, ќе можат да аплицираат за мерката обука на работно место со субвенционирано вработување.
Со оваа мерка ќе бидат опфатени лицата од 50 до 55 години со основно образование и помалку, млади до 29 години со основно, долгорочно невработени, корисници на социјална помош и невработени од ранливи категории.
“Во првите три месеци лицата месечно ќе добиваат по 6.200 денари, а наредните шест месеци ќе бидат вработени со субвенционирање од 19.000 денари месечно, од кои 14.000 денари се за плата и придонеси на вработениот, а 5000 денари за работодавачот. После тие шест месеци работодавачот треба да го задржи работникот уште година дена на работното место“ - велат од Центар за вработување Куманово.
Во меѓувреме работодавачот не треба да го намали бројот на вработени на неопределено време.