Обука за пожар и евакуација во ОУ “Вук Караџиќ“
22.11.2013 08:57
| KumanovoNews
Вработените и учениците во основното училиште “Вук Караџиќ“ во понеделник ќе следат обука за противпожарна заштита, по што ќе има симулација на пожар и вежба за евакуација.

Наставниците ќе треба да ги евакуираат децата. Она што ќе го слушаат на обука и практично ќе треба да го покажат. И децата ќе бидат учесници во вежбата, ќе излезат надвор во дворот. Симулација на пожар ќе има во прва и во втора смена истиот ден.- вели Надица Петровска, директорка на училиштето.
Ваква вежба за првпат ќе се реализира во училиштето со помош на Дирекција за заштита и спасување.