×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обука за противпожарна заштита во “Боро Менков“

    19.06.2014 13:39 | KumanovoNews

    Во касарната “Боро Менков“ денеска се одржа обука „Противпожарна заштита, пристап и гаснење на пожар на опожарено возило,  како и употреба на апарати и средства за гаснење на пожар“.

    Обука за противпожарна заштита во “Боро Менков“

    Обуката беше наменета за противпожарната екипа од касарната, а ја реализираа професионални пожарникари од Територијална противпожарна единица Куманово.

    - Во теоретскиот дел, пожарникарите ги презентираа опасностите што ги предизвикуваат пожарите и што да се превземе за заштита од нив, а во практичниот дел беа покажани постапките на гаснење пожар со противпожарно возило и гаснење на пожар до доаѓање на против пожарно возило итн. Припадниците од ТППЕ од Куманово и од нашата единица покажаа висок степен на обученост, голема ефикасноста, брза реакција - велат од АРМ.

    Денешната обука е согласно планот за реализација на обука од доменот на противпожарната заштита за 2014 година.