×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обуки за информатички вештини во Бирото за вработување во Куманово

    14.06.2024 15:12 | Оливера Пешевска

    Отворен е јавниот повик до невработените лица за Обука за напредни ИТ вештини и Обука за специјалист за човечки ресурси ( регрутер) во Бирото за вработување во Куманово. 

    Обуки за информатички вештини во Бирото за вработување во Куманово

    Тие се дел од редовниот оперативен план за тековната 2024 година, а заинтересираните ќе можат да се пријавуваат најдоцна до 30 ноември или до конечно пополнување на бројот на предвидени кандидати.

    „Обуката за напредни ИТ вештини содржи 14 модули- специјалист за безбедност, клауд администратор, специјалист за вештачка интелигенција, аналитичар, јава девелопер, оперативен специјалист, 3Д уметници итн. Профилите се многу барани на пазарот на труд, најмногу од компаниите во информатичкиот сектор. Обуката нуди можности за вработување и во институциите од јавниот сектор, банките и сите други на кои би им користеле овие вештини. По завршување на обуката се доделува меѓународно признаен сертификат со што посетителите на курсот, стануваат конкурентни и на домашниот и на странскиот пазар. Освен критериумот да не се постари од 40 години, треба да имаат завршено најмалку средно образование“,  објасни раководителката Марија Димитријевска.

    Втората мерка е за обезбедување на услуги за вработување во име на работодавачот, односно невработените се обучуваат да најдат таленти и да лоцираат поединци кои ги исполнуваат барањата на работодавачите. Последниве години ова е доста барана професија, особено од поголемите компании кои се соочуваат со сериозен недостаток на квалификувани кадри. Наменета е за високо образовани лица, со најмногу на 40-годишна возраст.

    „Сите мерки од оперативниот план се креирани на барање на работодавачите, но и на барање на невработените. Тоа се мерки наменети за директно вработување и мерки наменети за зголемување на степенот на конкурентност. И побарувачката за лица кои поседуваат ИТ вештини е се поголем, а потребни и барани се на пазарот на труд, и на домашниот и пошироко во Европа“, појаснува Димитријевска.

    Статистиката покажува дека до крајот на април во Куманово биле регистрирани 10.710 активни баратели на работа.