×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обвинение против Димитриевски за злоупотреба на службената положба

    08.03.2024 09:53 | Сузана Николиќ

    Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинение против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба. 

    Обвинение против Димитриевски за злоупотреба на службената положба

    „Во Основен суд Куманово, на ден 04. март 2024 година, од страна на Основно јавно обвинителство Куманово е поднесен Обвинителен предлог против лицето Максим Димитриевски од Куманово, за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст. 5 в.в. со ст. 4 в.в. ст. 1 од КЗ. По прием на предметот во Судот преку автоматска распределба на предмети преку АКМИС системот предметот е распределен за работа на судија“, велат од Кумановскиот суд за Кумановоњуз.

    Кривичните пријави ги добил од две кумановски градежни фирми, кои добиле дозвола за градба, а градоначалникот не ги потпишал решенијата за наплата на комуналии. 

    Димитриевки вчера на прес конфернеција во Скопје, обвини дека против него се води хајка од актуелната власт во предизворниот период. Тој е кандидат за претседател на државата предложен од партијата ЗНАМ.