×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обвинение за тројца кумановци кои ископаа гроб во Куманово

    04.01.2022 11:47 | Сузана Николиќ

    Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик.

    Обвинение за тројца кумановци кои ископаа гроб во Куманово

    Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври, на Градските гробишта во Куманово, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

    „Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен еден од гробовите, по што започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало телото на покојната Јелена Филиповиќ“, соопштува Обвинителствотот.

    Го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел да пронајдат златен накит, бидејќи имале сознанија дека покојната наводно е закопана со злато на себе. При пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле.