×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обвинителството предложи парична казна од 2000 евра за кумановец заради непочитување на самоизолација

    01.04.2020 10:50 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

    Обвинителството предложи парична казна од 2000 евра за кумановец заради непочитување на самоизолација

    Обвинетиот на 18 март, допатувал од Србија-земја со средно ниво на ризик. Иако, на граничниот премин бил предупреден за здравствените прописи и потпишал изјава, постапил спротивно на  одлуката на Владата на Република Северна Македонија, која се однесува на мерки за сузбивање и спречување на ширење на корона ворусот-COVID 19. Наместо да спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена на адресата дадена во изјавата, излегол од своето престојувалиште и се упатил во непознат правец. На 25 март, при контрола извршена од страна на полициски службеници, не бил пронајден во престојувалиштето со што го сторил кривичното дело што му се става на товар.

    Обвинителството до судот достави предлог, на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра во денарска противвредност.