×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од 1 март ќе може да се плаќаат сметки во пошта

    12.12.2020 10:41 | KumanovoNews

    Од први март наредната година граѓаните повторно ќе можат да плаќаат сметки во пошта.  Договорот со „Халк банка“ ќе биде потпишан до крајот на годинава, по што ќе имаат обврска во рок од два месеца да започнат со работа.

    Од 1 март ќе може да се плаќаат сметки во пошта

    „Провизијата за плаќање сметки во пошта е најмала и ги замолувам граѓаните да имаат трпение. Ние како универзален оператор имаме обврска да одржуваме 330 точки низ државата. Има места во кои не можете да платите сметки на друго место освен во пошта бидејќи на банките не им се исплати да имаат филијали во руралните средини“, кажа Макрадули на денешната прес-конференција.

    „Пошта“ остана без платен промет во август година по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ со која имаше склучено договор. Оттогаш филијалите на пошта функционираа само за испраќање на пратки и писма.

    Макрадули кажа дека долговите на „Пошта“ се околу 10 милиони евра.