Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) донесе одлука за стапување во генерален штрајк, којшто ќе започне на 11 април.
„Советот на СОНК донесе едногласна одлука за генерален штрајк кој што ќе започне на 11 април. Денешните преговори завршија без предлог од страна на Владата“, се вели во објавата на СОНК.
Штрајкот значи дека од 11 април училиштата и градинките нема да работат, нема да одржуваат настава, односно нема да ги примаат децата на згрижување.
Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата на СОНК, да се зголемат платите во образованието за 18,5 отсто.
Од Владата вчера соопштија дека претставници од СОНК имале средба со премиерот Димитар Ковачевски, каде се разговарало за барањата, по што е донесен заеднички заклучок дека Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори.