Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од средината на овој месец ќе започне зонското паркирање во Куманово, и граѓаните ќе плаќаат за користење на паркинг простор во централното градско подрачје.
Како што информираат во ЈП „Куманово-паркинг„ до тогаш ќе бидат завршени сите неопходни активности за отпочнување на проектот, а ќе се остави и пробен период за да граѓаните да се прилагодат на новата услуга.
Сега се работи на создавање на услови во првата А зона во центаралното градско подрачје.Во моментот се работи на хоризонтално бележење на предвидените места за паркирање, и се поставуваат информативни табли за начинот и услови под кои ќе се користи паркиинг просторот. Некаде од 5 јули планираме да стартуваме со услугата, но ќе оставиме 10 дена за привикнување на граѓаните, а од 15 јуни со целосна инплементација на проектот-вели Трајко Трајковски, директор на ЈП „Куманово-паркинг„.
Со проектот во центарот на градот се предвидува да се добијат околу 400 паркинг места во првата зона, а цената ќе биде 30 денара на час. Со тоа градот очекува да се среди хаосот во паркирањето, да се отстранат возилата кои го узурпираат паркинг просторот, но и да се намали прекумарната и непотребна употреба на возила на мали релации во центарот на градот што сега е изразена појава кај граѓаните.