×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од денеска не се наплаќа паркинг, јавните претпријатија вклучени во борбата против коранавирус

    23.03.2020 12:01 | KumanovoNews

     Јавните претпријатија во Куманово, од денеска се вклучени во активностите коишто се преземаат на терен за справување со коронавирусот во градот.

    Од денеска не се наплаќа паркинг, јавните претпријатија вклучени во борбата против коранавирус

    Општина Куманово донесе одлука, дел од претпријатијата да престанат со вршење на својата основна дејност и вработените да учествуваат во процесот за дезинфекција на градот.

    - ЈП „Куманово-паркинг“ ќе престане со наплата на услугата за паркирање во прва и втора зона на сите паркинг места со кои стопанисува. ЈП „Пазаришта“ ќе ги затвори второто и третото ниво на градскиот пазар, а ќе останат во функција само зелените пазари за продажба за храна и други прехрамбени производи. Сите претпријатија своите слободни човечки ресурси ќе ги стават на располагање на ЈП „Чистота и зеленило“ за вршење на дополнителни работни задачи во функција на дезинфекција на јавно прометни површини и простории во градот, -изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

     Истото важи и за вработените во ЈП „Водовод“ кои не се ангажирани во процесот на водоснабдување.

    ЈП „Чистота и зеленило“ треба во овој период има обврска да ги засили своите капацитети и да зафати што поголема јавна површина за дезинфекција, за да се превенира ширењето на коронавирусот.