×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од денеска почнува новогодишната програма на Куманово

    23.12.2022 10:12 | Оливера Пешевска

    Со концертот на оперскиот пејач Дарко Тодоровски вечерва ќе започна програмата за Нова година во Куманово, која ја организира Фондацијата за спорт и култура во Куманово. 

    Од денеска почнува новогодишната програма на Куманово

     Во вторник напладне предновогодишен концерт ќе одржат учениците од нижото музичко училиште „Панче Пешев“, а во среда во 19 часот ќе настапат малите „Бисерчиња“. Програмата се заокружува со преставата „Каде е Рудолф“ во четврток во 12 часот, која е наменета за групата на деца од 4 до 12 години со едукативна содржина.

    Сите настани ќе се одржат во салата на Занаетчискиот дом во Куманово.

    Од Фондацијата за култура и спорт на Општина Куманово информираат дека во последните денови од 2022 година имаат закажано повеќе активности во рамки на новогодишната програма. Но, немаат планирано забава за најмалите на Градскиот плоштад со присуство на Дедо Мраз.

     Марио Арангеловски,в.д. директор на Фондацијата за култура и спорт, вели дека финанскиските средства за оваа година се исцрпени, програма е закажана и предвиденото ќе се реализира во целост.

    „На 23 декември Мото клубот „Мечки“ од Куманово на плоштадот ќе организираат новогодишна програма со Дедо Мразовци, па не сакавме да се повторуваме. Годинава не организиравме ниту новогодишен концерт ниту гостување на Дедо Мраз затоа што обично е многу ладно, а и финасиски програмата е заокружена. Но, на сите други активности од новогодишната програма што ја најавивме ќе го има и омилениот гост на децата и ќе се делат симболични подароци лижавчиња, бонбончиња. Нагласувам дека влезот за сите закажани концерти и претствата е слободен и бесплатен за сите заинтересирани“, изјави Арангеловски.

    Денеска на Градскиот плоштад во Куманово во 11 часот ќе пристигне Дедо Мраз на мотор. Мото клубот „Мечки Македонија“ по 15. пат ќе ја организира овааа манифестацијата за намладите, а годинава е под мотото „Тажните најубаво се смеат“.