×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од денеска продолжува редовното пријавување на невработените во Центарот за вработување

    25.09.2020 06:28 | KumanovoNews

    Сите невработени лица од денеска треба да продолжат со редовно пријавување во Центарот за вработување во Куманово, на секои 30 дена за активните баратели на работа односно на секои 6 месеци за другите лица кои бараат работа.

    Од денеска продолжува редовното пријавување на невработените во Центарот за вработување

    - Невработени лица имаат обврска за редовно пријавување заради докажување на нивниот статус за невработеност. Секое невработено лице кое има оставено телефонски број веќе е известено по смс порака за точниот датум кога треба да се пријави и да го потврди својот статус како активен барател на работа или друго лице кое бара работа. Оние коишто немаат добиено смс порака поради немање на мобилен телефон за контакт или не извршиле ажурирање во нашиот систем, од денеска можат да дојдат да се пријават и задолжително да го ажурираат телефонскиот број, - изјави Марија Димитриевска, директорка на Центарот за вработување во Куманово.

    Таа ги повика невработените лица да се придржуваат на датумот на пријавување којшто им е наведен во пораката, да носат заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца со почитување на протоколите за заштита од коронавирус донесени од Владата.

    Редовното пријавување на невработените лица беше привремено одложено, со уредба на Владата  поради опасност од ширењето на коронакризата.