×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од есен ќе започне со работа Дневниот центар за децата од улица во Куманово

    20.06.2023 09:11 | Оливера Пешевска

    Во тек се подготовките за отворање на Дневниот центар за претстој на децата од улица во Куманово, кој го спроведува Центарот за ромска заедница ДРОМ како мерка од Програмата за социјална заштита на општината. 

    Од есен ќе започне со работа Дневниот центар за децата од улица во Куманово

    Реализацијата е поделена во неколку фази, а моментално се работи на втората фаза и со ваквата динамика се очекува стартување на проектот да биде по два месеци.
     
     „Просториите се веќе обезбедени, тие се наоѓаат во центарот на ДРОМ каде веќе имаме едукативни и образовни материјали, алатки и играчки. Замислата е децата од улица да имаат дневен престој како место за  пишување на домашните работи, каде би го совладувале наставниот материјал и би стекнувале редовни работни и хигиенски навики, но и ажурност во извршување на зададените училишни задачи“, вели Мирослав Ристовски, програмски менаџер и проектен координатор на ДРОМ.

    За Дневниот центар потребно е дополнитело да се ангажираат социјален работник и психолог, кои преку разговори и работилници би ги информирале малолетниците за опасностите од раснење на улица, тездравствени и социјални импликации, како и погрешните ставови за опкружувањето што ги прават поподложни на девијантни или пак криминални влијанија. Затоа соработуваат и со Локалниот совет за превенција и  Локалниот совет за социјална заштита, мулти-институционално општинско тело кое ги утврди конкретните активности што треба да се преземат, со цел да се намали, односно искорени питачењето и злоупотребата на деца кое стана масовна појава во последните неколку години.

    Во наредните два месеци се очекува да заврши мапирањето на терен, да се направи анализата и преку состаноци со Советот за превенција и одговорните во Општина Куманово да се изработи годишниот план по кој ќе се постапува.

    „Изгледа како многу работа и доста активности, но најдоцна за 2 месеци планираме да почне со работа Дневниот центар и да почнеме да применуваме и имплементираме се што сме планирале. Ќе бараме и од Министерството за труд и социјална политика да се  регистрираме во дејноста, со што ќе овозможиме да продолжи проектот и по завршување на годинешнава програма, односно да продлжиме со обезбедување на грижа во континуитет за децата на улица“, објаснува Ристовски.

    Во првиот месец од спроведување на проектот за Дневен центар за деца од улица реализирани се административните процедури, планирање на активностите и мапирање на проблемите и подрачјата кои треба да се покријат. Овој месец, пак, е ангажиран анкетар кој на терен ги спроведува активностите и запознава дечиња на улица кои питачат.

    „Секогаш се остварува и контакт со родителите или старателите и со нив главно се прават разговорите и интервјуата. Генерално, сите изразуваат желба и потврдуваат намера да ги пријават децата во Дневниот центар“, истакнуваат од ДРОМ.

    Досега е потврдено присуство на 3 дечиња, бројка за која веруваат дека ќе се зголеми во наредните месеци. Постои извесна загриженост дека потврдата е формална, но досегашните контакти и разговори покажуваат дека постои свесност и совесност кај родителите на децата на улица и нивна подготвеност да се приклучат кон проектот.

      За реализација на овој проект Општината одвои 300.000 денари на ДРОМ.

    Општина Куманово годинава ќе потроши 3 милиони денари или околу 50 илјади евра за проекти од социјална заштита за ранливи групи граѓани, кои ќе ги релизираат пет невладини организации од градот. Најмногу средства во висина од 1,4 милиони денари или 23 илјади евра се одвоени за работа на Дневниот центар за лица со попреченост „Порака наша“, 800 илјади денари или 13 илјади евра за невладината организација „Инклузива“, која ќе пружа стручна помош на дефектолог и логопед, 300 илјади денари или 5.000 евра за Црвен крст Куманово за грижа на стари лица во домошни услови, 300.000 денари ќе добие и Центарот за ромска заедница ДРОМ за Центарот за дневен престој на деца од улица, а Хуманитарното здружение „Мајка“ за советувалиште за жени жртви на семејно и родово базирано насилство ќе добие 200 илјади денари или 3.300 евра.