×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од март минималната плата ќе биде 18.000 денари

    07.02.2022 22:30 | Сузана Николиќ

    Од март минималната плата ќе биде зголемена на 18.000. Покачената минимална плата ќе почне да се исплатува од месец април за 80.000 граѓани во нашата земја.

    Од март минималната плата ќе биде 18.000 денари

    Државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од минималната плата од 15.200 денари која се исплаќа сега.
    Ова е резултат од договорот што вечерва го постигна Владата со синдикатите и со работодавачите.

    „Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите.  80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари“, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

    Постигнавме уште една важна согласност, истакна премиерот Ковачевски, да ги промениме критериумите за методологијата за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот. Третиот критериум е новина, висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.

    Владата продолжува со уште посилен интензитет да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите и за извлекување на десетици илјади наши граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата. 

    Ковачевски потсети дека Владата веќе обезбедува субвенции за околу 130.000 граѓани кои веќе земаат повисоки плати во своите фирми, преку покривање на придонесите - за таа намена издвојуваме 48 милиони евра годишно.

    „Сите овие решенија се во интерес на заштита на семејниот буџет на секое семејство, заштита на стандардот и влог во битка со економската криза, како што се и преземените мерки за избегнување на ценовниот шок од поскапување на струјата на светскиот пазар, и решение и за кризата со парно греењето во Скопје“, потенцираше Ковачевски во својата изјава.

    Премиерот Ковачевски во завршницата рече дека Владата ќе продолжи посветено да ги насочува парите за поддршка на стопанството и граѓаните за проекти кои значат економски раст и развој и зголемување на животниот стандард и квалитетот на живеењето.