Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17% во однос на одлуката од 22 март.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 4 ден/лит, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,238 ден/кг и сега ќе изнесува 53,592 ден/кг.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС95 - 79 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС98 81 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 81 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,592 (денари/килограм).